Проект
БИДИ БЕЗБЕДЕН е Еразмус + KA204 (Соработка за иновации и размена на добри практики – Стратешки партнерства за образование на возрасни) проект. Партнерството е формирано од 5 партнери Полска, Португалија, Македонија, Белгија и Чешка, што претставува важна комбинација на експертиза и искуство.
Проектот има за цел да им овозможи на едукаторите кои ги едуцираат лицата со интелектуална попреченост (ИД) да ги вклучат информациите за сајбер-злоупотреба во нивните едукативни програми и да ги зајакнат лицата со попреченост да бидат безбедни онлине.
Како прв чекор, партнерите во проектот ќе прибираат студии на случај кои ќе ги демонстрираат примерите во кои лицата со интелектуална попреченост можат да бидат или веќе навистина биле жртви на интернет злоупотреба. По развивање на етички стандарди, партнерите ќе го соберат искуството на овие лица, што ќе постави основа за наставните програми и материјали за обука.
Собирањето на студии на случај како и наставните програми и другите материјали за обука кои ќе бидат развиени како интелектуални резултати од проектот, ќе бидат јавно достапни под отворена лиценца и ќе бидат достапни на шест јазици, како и во лесно читливи верзии, кои ќе бидат достапни за лица со интелектуална попреченост. Квалитетот на финалните резултати ќе биде контролиран од страна на лица со интелектуална попреченост со цел да се осигура нивната релевантност и соодветност, како и нивната достапност и адекватноста на методот.
Дополнително, партнерите ќе подготват дигитален водич за полицијата и другите служби и поединци со корисни совети и изјави за лесно читлив текст и инфографи или пиктограми кои може да се користат за време на интервјуто со лице со интелектуална попреченост. Овие материјали ќе бидат подготвени на компјутери, таблети и паметни телефони и би можеле да се користат како алатка за ААК (алтернативна и аугментативна комуникација) за време на интервјуто со лицето со попреченост кое не може добро да комуницира.
Клучни зборови: нови иновативни курикулуми / образовни методи / развој на курсеви за обука; ИКТ – нови технологии – дигитални компетенции; Попреченост – посебни потреби