Прва меѓународна проектна средба во Варшава

На 8ми и 9ти Декември 2017 год проект партнерите се сретнаа во Варшава. Првата меѓународна проектна средба се одржа во канцеларијата на Полското здружение за лица со интелектуална попреченост (PSONI).

На почетокот на средбата Wiesława Włodarska, сметководителката на PSONI, ги објасни главните правила во финансиски менаџмент во ЕРАСМУС+КА2 проекти.

Партнерите се договорија за датумите за престојните проектни состаноци и активности, врз основа на проектната апликација.

За време на вториот ден од состанокот, партнерите се изјаснија за дизајнот на порталот на проектот и започнаа да работат на студии на случај кои ќе ја формираат основата за другите проектни активности.

Некои фотографии од состанокот можат да се најдат во галеријата.