Тренинг курс за едукатори во Португалија
На почетокот на Февруари, партнерите во проектот, учителите и тренерите од разни организации и институции кои работат со возрасни лица со интелектуална попреченост имаа заеднички тренинг на тема ‘’Како да се справиме со интернет злоупотреба со која се соочуваат лицата со попреченост;Како да се заштитат и подржат’’. Тренингот се одржа во Португалија, во Политехничкиот Институт на Сантарем.
Партнерите во проектот го споделија своето знаење стекнато во текот на самиот проект. Вештините и способностите кои ги развиваат едукаторите за возразни лица со попреченост во текот на проектот се состојат од:
- познавање на можности од интернет опасност, криминал, насилство;
- можноста да се препознае преку индиректни симптоми лошото искуство кое го доживеало лицето со попреченост;
- познавање на процедури за кривично гонење;
- вештини како да се подржи лице со интелектуална попреченост и како да се помогне да избегне опасност.
Во агендата на тренингот може да се пронајдат теми, како на пример:
- Добри практики во подржување на лица со интелектуална попреченост кои користат интернет,
- Размена на идеи, во мали групи, за познати случаи на интернет криминал,
- Работилница“Како да се препознае лице кое било злоупотребено и како да се пружи подршка”,
- Датабаза со правила за безбедност.
и други.
Еден од најимпресивните точки за време на тренингот беше средбата со мајка, чија ќерка со интелектуална попреченост доживеала насилство од непознато лице кое го запознала преку социјалните медиуми. Можноста да се направи еден осврт и споредба, беше и средбата со две лица кои работат во полиција во Португалија, кои го опишаа националниот систем за гонење и криминални процедури, подршка на жртви и превенција во полето на интернет криминал и насилство.
По завршувањето на тренингот, партнерите во проектот и учесниците на тренингот имаа можност да се дружат за време на интеркултуралната вечер. Секоја земја ја презентираше својата локална кујна, фолклор, танци и пејзажи. Полскиот тим подготви филм специјално за тренингот, покажувајќи ги сите градови и земји на учесниците на тренингот.
Тренин курсот се одржа во Сантарем- град и општина лоциран во дистриктот на Сантарем во Португалија, 50 километри одалечен од Лисабон. Сантарем како град бил дом на кралевите на Португалија низ средниот век. Градот е богат со најубава збирка на Готичка архитектура, на своите зидини, цркви, манастири и изолирани споменици, како што е Готичката фонтана со печат на кралот. Групата на учесници имаше прилика по посетата на градоначалникот на Сантарем, да се прошета низ дел од градот, со организирани водичи и домаќините учесници.
Тренинг курсот беше навистина интензивен и многу богат со знаење. Учесниците си заминаа од Португалија со нови вештини, нови професионални контакти и пријатели од други земји.
Со поголемиот дел од тренерите од партнерите во проектот, ќе се одржи средба во Јуни во Варшава, каде што ќе се одржи тренинг курс за лицата со интелектуална попреченост.