4та Меѓународна Проектна Средба во Куманово,Северна Македонија
4та меѓународна средба помеѓу партнерите во проектот беше одржана во Куманово, Северна Македонија, на 15ти и 16ти Март, 2019 година.
На средбата, на партнерите и волонтерите им се придружија претставници од компанија за развој на софтвери DKK. DKK Development креираше AAC (Аугментатицна и Алтернативна Комуникација) алатка “TIM”.
Во текот на првиот ден, партнерите дискутираа за агендата за курс за лица со интелектуална попреченост кој ќе се одржи во Полска во Јуни.
Вториот дел од состанокот беше посветен на AAC алатката која ќе служи како поддршка на полицијата, лицата со интелектуална попреченост и комуникациски потешкотии, со фасцилитирање на комуникацијата. Проектните партнери имаа можност да се запознаат добро и да ја пробаат “TIM” апликацијата.
Денот заврши со вечера во ресторан ‘’Баба Цана’’, каде што учесниците на средбата имаа можност да ја пробаат македонската кујна.
За време на вториот ден партнерите работеа во групи на дигитален водич за полицијата кој ќе објасни како да се комуницира со лицата со интелектуална попреченост, и брошура во лесно читлива форма за тоа како да се справат со интернет криминал и насилство. Како резултат од оваа работа, партнерите подготвија структура на публикацијата, ја дистрибуираа работата помеѓу себе и разработија распоред за креаирање на останатите резултати.