Споена мобилност на возрасни ученици – тренинг за лица со интелектуална попреченост

Возрасни лица со интелектуална попреченост мора да имаат вештини за да го користат Интернетот безбедно и знаење што да прават доколку нешто лошо се случи. Овие проблеми беа предмет на разговор на тренингот, кој се случи во Варшава од 11-15 Јуни 2019 година. Учесниците на тренингот кој траеше пет дена насловен ‘’Како да се препознае, избегне и соочи со опасни ситуации на Интернет’’ беа возрасни лица со интелектуална попреченост и лица за поддршка од пет земји : Белгија/Франција, Република Чешка, Македонија, Португалија и Полска.

И покрај огромната жештина, пет дена од тренингот поминаа бргу. Учесниците научија што се тоа приватни информации, кои информации можат да се споделат слободно на Интернет а кои не, на кои Интернет измами корисникот е изложен и како да се одбрани од нив. Во исто време, тие научија како да не станат лица кои починуваат интернет криминал или да користат говор на омраза. Учесниците научија како се користи датабазата со правила за безбедност и едукативни видеа креирани од партнерите. Тие исто така се запознаа со публикацијата напишана со лесно разбирлив текст насловен ‘’Како полицијата може да ми помогне – водич за самозастапници.’’

Брошурата содржи основни информации за полицијата- униформи, задачи и активности, за правата на лицата со интелектуална попреченост кои биле жртва на интернет криминал, за нивните обврски, за дискриминативното однесување и за процедурите со кои лицето ќе мора да се соочи кога ќе пријави измама на полицијата. За време на тренингот, беше организирана средба со полицијата. Учесниците имаа можност да научат за пријавување на процедури, да се запознаат со работата на полицијата и да поставуваат прашања.

Презентација од апликацијата подготвена како дел од проектот во соработка со DKK Development предизвика голем интерес. Кога лицето со проблеми кое зборува јасно сака да ја извести полицијата за криминал, до сега било принудено да побара помош од лице за поддршка кое го разбира барем делумно. Апликацијата дозволува такво лице да зборува речиси ‘’со својот глас’’. Корисникот на апликацијата користи подготвени графикони со создавање на реченица од селектирани слики, и апликацијата ја чита граматички исправната реченица.

Партнерите во проектот ги зголемија можностите на апликацијата за да може да се користи да се извести полицијата за проблемите со кои корисникот можеби се сретнал додека работел на Интернет.

За време на тренингот учесниците не само што учеа. Тие исто така имаа и забава во меѓународната дискотека. На 4от ден, корисниците го посетија Полскиот музеј во Сиерпц.

Пакет на материјали од тренингот можат да бидат закачени од Библиотека.