Финална Меѓународна проектна средба во Брисел, Белгија

5-та и последна меѓународна средба помеѓѕ партнерите во проектот беше одржана во Брисел, Белгија, на 2-ри и 3-ти Октомври 2019 година.

Во текот на првиот ден, партнерите се сретнаа за да дадат фидбек за влијанието на сите настани, кои добија позитивни резултати во сите земји и предизвикаа интерес кај сите учесници. Партнерите исто така го оценуваа проектот и дискутираа за влијанието на сите активности и како да се подобри одржливоста на проектот. Партнерите зборуваа за важноста на овој проект во други земји и зголемување на достапноста на користените алатки пошироко.

За време на утрото на вториот ден, партнерите го финализираа водичот за поддршка на полицијата за подобра комуникација со лицата со интелектуална попреченост. Тие исто така дискутираа за ААК (Алтернативна и Аугментативна Комуникација) алатки кои беа развиени за да се овозможи комуникација помеѓу полицијата и жртвите кои не се во можност да зборуваат или имаат потешкотии во зборувањето.

Попладнето, партнерите учествуваа на мултипликаторскиот настан на проектот, одржан во Европскиот Економски и Социјален Комитет. Темата беше сајбер криминал и важноста на Интернетот како безбедно и достапно место за сите. На настанот, зборуваа претставници од Европскиот Економски и Социјален Комитет, UNIA и Поддршка на жртвите Европа, кои ја презентираа нивната работа во врска со темата. Учесниците имаа можност да слушнат од Elissavet Vozemberg-Vrionidi, Член на Европскиот Парламент, која беше репортер на Извештајот од 2017 година повржан со борбата против сајбер криминалот.

Полската говорничка Магда Адамович, која што го започна движењето против говорот на омраза, исто така допринесе кон настанот. Таа објасни дека темата на говорот на омраза ја довел до Европскиот Парламент :

‘’ Не смееме да заборавиме дека сторителите се тие кои што се виновни, да ги користиме санкциите кои што ги имаме ‘’. Магда Адамович понуди соработка на темата.

Претставник на Членката на Европскиот Парламент Јанина Очојска го посети настанот и исто така рече дека и Јанина Очојска би била среќна да соработува на темата.

На крајот на настанот, партнерите на проектот ја нагласија важноста од заложбата на Европските членови и политички тела, да го направат Интернетот безбеден и достапен за сите.