Финална Меѓународна проектна средба во Брисел, Белгија

5-та и последна меѓународна средба помеѓѕ партнерите во проектот беше одржана во Брисел, Белгија, на 2-ри и 3-ти Октомври 2019 година.

Во текот на првиот ден, партнерите се сретнаа за да дадат фидбек за влијанието на сите настани, кои добија позитивни резултати во сите земји и предизвикаа интерес кај сите учесници. Партнерите исто така го оценуваа проектот и дискутираа за влијанието на сите активности и како да се подобри одржливоста на проектот. Партнерите зборуваа за важноста на овој проект во други земји и зголемување на достапноста на користените алатки пошироко.

За време на утрото на вториот ден, партнерите го финализираа водичот за поддршка на полицијата за подобра комуникација со лицата со интелектуална попреченост. Тие исто така дискутираа за ААК (Алтернативна и Аугментативна Комуникација) алатки кои беа развиени за да се овозможи комуникација помеѓу полицијата и жртвите кои не се во можност да зборуваат или имаат потешкотии во зборувањето.

Попладнето, партнерите учествуваа на мултипликаторскиот настан на проектот, одржан во Европскиот Економски и Социјален Комитет. Темата беше сајбер криминал и важноста на Интернетот како безбедно и достапно место за сите. На настанот, зборуваа претставници од Европскиот Економски и Социјален Комитет, UNIA и Поддршка на жртвите Европа, кои ја презентираа нивната работа во врска со темата. Учесниците имаа можност да слушнат од Elissavet Vozemberg-Vrionidi, Член на Европскиот Парламент, која беше репортер на Извештајот од 2017 година повржан со борбата против сајбер криминалот.

Полската говорничка Магда Адамович, која што го започна движењето против говорот на омраза, исто така допринесе кон настанот. Таа објасни дека темата на говорот на омраза ја довел до Европскиот Парламент :

‘’ Не смееме да заборавиме дека сторителите се тие кои што се виновни, да ги користиме санкциите кои што ги имаме ‘’. Магда Адамович понуди соработка на темата.

Претставник на Членката на Европскиот Парламент Јанина Очојска го посети настанот и исто така рече дека и Јанина Очојска би била среќна да соработува на темата.

На крајот на настанот, партнерите на проектот ја нагласија важноста од заложбата на Европските членови и политички тела, да го направат Интернетот безбеден и достапен за сите.

 

 

Споена мобилност на возрасни ученици – тренинг за лица со интелектуална попреченост

Возрасни лица со интелектуална попреченост мора да имаат вештини за да го користат Интернетот безбедно и знаење што да прават доколку нешто лошо се случи. Овие проблеми беа предмет на разговор на тренингот, кој се случи во Варшава од 11-15 Јуни 2019 година. Учесниците на тренингот кој траеше пет дена насловен ‘’Како да се препознае, избегне и соочи со опасни ситуации на Интернет’’ беа возрасни лица со интелектуална попреченост и лица за поддршка од пет земји : Белгија/Франција, Република Чешка, Македонија, Португалија и Полска.

И покрај огромната жештина, пет дена од тренингот поминаа бргу. Учесниците научија што се тоа приватни информации, кои информации можат да се споделат слободно на Интернет а кои не, на кои Интернет измами корисникот е изложен и како да се одбрани од нив. Во исто време, тие научија како да не станат лица кои починуваат интернет криминал или да користат говор на омраза. Учесниците научија како се користи датабазата со правила за безбедност и едукативни видеа креирани од партнерите. Тие исто така се запознаа со публикацијата напишана со лесно разбирлив текст насловен ‘’Како полицијата може да ми помогне – водич за самозастапници.’’

Брошурата содржи основни информации за полицијата- униформи, задачи и активности, за правата на лицата со интелектуална попреченост кои биле жртва на интернет криминал, за нивните обврски, за дискриминативното однесување и за процедурите со кои лицето ќе мора да се соочи кога ќе пријави измама на полицијата. За време на тренингот, беше организирана средба со полицијата. Учесниците имаа можност да научат за пријавување на процедури, да се запознаат со работата на полицијата и да поставуваат прашања.

Презентација од апликацијата подготвена како дел од проектот во соработка со DKK Development предизвика голем интерес. Кога лицето со проблеми кое зборува јасно сака да ја извести полицијата за криминал, до сега било принудено да побара помош од лице за поддршка кое го разбира барем делумно. Апликацијата дозволува такво лице да зборува речиси ‘’со својот глас’’. Корисникот на апликацијата користи подготвени графикони со создавање на реченица од селектирани слики, и апликацијата ја чита граматички исправната реченица.

Партнерите во проектот ги зголемија можностите на апликацијата за да може да се користи да се извести полицијата за проблемите со кои корисникот можеби се сретнал додека работел на Интернет.

За време на тренингот учесниците не само што учеа. Тие исто така имаа и забава во меѓународната дискотека. На 4от ден, корисниците го посетија Полскиот музеј во Сиерпц.

Пакет на материјали од тренингот можат да бидат закачени од Библиотека.

4та Меѓународна Проектна Средба во Куманово,Северна Македонија

4та меѓународна средба помеѓу партнерите во проектот беше одржана во Куманово, Северна Македонија, на 15ти и 16ти Март, 2019 година.

На средбата, на партнерите и волонтерите им се придружија претставници од компанија за развој на софтвери DKK. DKK Development креираше AAC (Аугментатицна и Алтернативна Комуникација) алатка “TIM”.

Во текот на првиот ден, партнерите дискутираа за агендата за курс за лица со интелектуална попреченост кој ќе се одржи во Полска во Јуни.

Вториот дел од состанокот беше посветен на AAC алатката која ќе служи како поддршка на полицијата, лицата со интелектуална попреченост и комуникациски потешкотии, со фасцилитирање на комуникацијата. Проектните партнери имаа можност да се запознаат добро и да ја пробаат “TIM” апликацијата.

Денот заврши со вечера во ресторан ‘’Баба Цана’’, каде што учесниците на средбата имаа можност да ја пробаат македонската кујна.

За време на вториот ден партнерите работеа во групи на дигитален водич за полицијата кој ќе објасни како да се комуницира со лицата со интелектуална попреченост, и брошура во лесно читлива форма за тоа како да се справат со интернет криминал и насилство. Како резултат од оваа работа, партнерите подготвија структура на публикацијата, ја дистрибуираа работата помеѓу себе и разработија распоред за креаирање на останатите резултати.

Тренинг курс за едукатори во Португалија

На почетокот на Февруари, партнерите во проектот, учителите и тренерите од разни организации и институции кои работат со возрасни лица со интелектуална попреченост имаа заеднички тренинг на тема ‘’Како да се справиме со интернет злоупотреба со која се соочуваат лицата со попреченост;Како да се заштитат и подржат’’. Тренингот се одржа во Португалија, во Политехничкиот Институт на Сантарем.

Партнерите во проектот го споделија своето знаење стекнато во текот на самиот проект. Вештините и способностите кои ги развиваат едукаторите за возразни лица со попреченост во текот на проектот се состојат од:

  • познавање на можности од интернет опасност, криминал, насилство;
  • можноста да се препознае преку индиректни симптоми лошото искуство кое го доживеало лицето со попреченост;
  • познавање на процедури за кривично гонење;
  • вештини како да се подржи лице со интелектуална попреченост и како да се помогне да избегне опасност.

working in groups

Во агендата на тренингот може да се пронајдат теми, како на пример:

  • Добри практики во подржување на лица со интелектуална попреченост кои користат интернет,
  • Размена на идеи, во мали групи, за познати случаи на интернет криминал,
  • Работилница“Како да се препознае лице кое било злоупотребено и како да се пружи подршка”,
  • Датабаза со правила за безбедност.

и други.

Еден од најимпресивните точки за време на тренингот беше средбата со мајка, чија ќерка со интелектуална попреченост доживеала насилство од непознато лице кое го запознала преку социјалните медиуми. Можноста да се направи еден осврт и споредба, беше и средбата со две лица кои работат во полиција во Португалија, кои го опишаа националниот систем за гонење и криминални процедури, подршка на жртви и превенција во полето на интернет криминал и насилство.

По завршувањето на тренингот, партнерите во проектот и учесниците на тренингот имаа можност да се дружат за време на интеркултуралната вечер. Секоја земја ја презентираше својата локална кујна, фолклор, танци и пејзажи. Полскиот тим подготви филм специјално за тренингот, покажувајќи ги сите градови и земји на учесниците на тренингот.

culture integration event

Тренин курсот се одржа во Сантарем- град и општина лоциран во дистриктот на Сантарем во Португалија, 50 километри одалечен од Лисабон. Сантарем како град бил дом на кралевите на Португалија низ средниот век. Градот е богат со најубава збирка на Готичка архитектура, на своите зидини, цркви, манастири и изолирани споменици, како што е Готичката фонтана со печат на кралот. Групата на учесници имаше прилика по посетата на градоначалникот на Сантарем, да се прошета низ дел од градот, со организирани водичи и домаќините учесници.

Тренинг курсот беше навистина интензивен и многу богат со знаење. Учесниците си заминаа од Португалија со нови вештини, нови професионални контакти и пријатели од други земји.

Со поголемиот дел од тренерите од партнерите во проектот, ќе се одржи средба во Јуни во Варшава, каде што ќе се одржи тренинг курс за лицата со интелектуална попреченост.

Трета Меѓународна проектна средба во Лисабон

Овој период (30ти Ноември – 1ви Декември 2018) партнерите се сретнаа во Лисабон.

Главните проблеми кои беа предмет на дискусија за време на средбата се однесуваа на :

  • Филмот направен за 02 Интелектуален резултат – партнерите гледаа филмови и споделуваа коментари;
  • Програмата за тренинг за едукатори;
  • Програмата за тренингот за лицата со попреченост.

Втора меѓународна проектна средба во Прага

На 15ти и 16ти Јуни 2018 год. учесниците од партнер организациите се сретнаа во Прага. Бевме пречекани од Друштво за подршка на лица со ментална попреченост во Република Чешка (СПМП ЧР)(Inclusion Czech Republic).

Средбата беше многу успешна и од помош.

Првиот важен проблем беше колекција на студиите на случај. Партнерите се согласија за насловот како и за форматот и беа воспоставени некои рокови во врска со преводот на информациите на различни јазици и други нешта.

Партнерите исто така дискутираа за промена на копчињата за навигација, вклучувајќи го и копчето за лесно читлива содржина.

Партнерите ги земаа во предвид и претходно предложените промени за датабазата и развија листа на дополнувања и нови опции.

Новата и подобрена верзија на датабазата наскоро ќе биде достапна и онлајн.

Многу интересен дел од состанокот беше и дискусијата и брејнсторминг идеите кои се однесуваа на програмата за курсот. Проект партнерите ќе развијат едукативни материјали и ќе обезбедат тренинг за лицата кои што работат во полето на едукација на возрасни и подршка на лицата од една страна, и лицата со интелектуална попреченост, од друга. Курсот ќе се одржи во Португалија и во Полска и ќе се фокусира на главната тема на проектот, вклучувајќи и како да се препознае дека некој бил жртва на интернет криминал и како да и се даде подршка на таа личност.

Овдека може да се најдат слики од средбата.

 

Прва меѓународна проектна средба во Варшава

На 8ми и 9ти Декември 2017 год проект партнерите се сретнаа во Варшава. Првата меѓународна проектна средба се одржа во канцеларијата на Полското здружение за лица со интелектуална попреченост (PSONI).

На почетокот на средбата Wiesława Włodarska, сметководителката на PSONI, ги објасни главните правила во финансиски менаџмент во ЕРАСМУС+КА2 проекти.

Партнерите се договорија за датумите за престојните проектни состаноци и активности, врз основа на проектната апликација.

За време на вториот ден од состанокот, партнерите се изјаснија за дизајнот на порталот на проектот и започнаа да работат на студии на случај кои ќе ја формираат основата за другите проектни активности.

Некои фотографии од состанокот можат да се најдат во галеријата.