Проект Биди.Безбеден во лесно читлива форма

Ова е порталот на проектот Биди.Безбеден.

Проектот го реализираат 5 организации од 5 земји: Белгија, Чешка, Северна Македонија, Полска и Португалија.

Главната цел на проектот Биди.Безбеден е да ги научи наставниците и возрасните со интелектуална попреченост за тоа како да се справат со Интернет криминал.

Ако некој ја украл вашата сметка на Фејсбук и објавил вулгарни натписи – тоа е интернет криминал.

Ако некој ги објави Вашите фотографии на Интернет без ваша дозвола – тоа е интернет-криминал.

Ако некој ви праќал е-пошта, барајќи пари од вас – тоа е интернет криминал.

Проектните партнери подготвија брошура за лица со интелектуална попреченост „Како може полицијата да ми помогне. Водич за самозастапници“.

Брошурата можете да ја најдете тука.

Frightened DiogoПроектните партнери подготвија филмови за возрасни со интелектуална попреченост.

Филмовите покажуваат како да се справат со опасностите на Интернет.

Филмот можете да го погледате на нашата страница со Правила за безбедност. Кликни тука.

Проектните партнери подготвија мобилна апликација.

Ова е комуникаторот ТИМ Биди.Безбеден.

Ако имате проблеми со зборувањето, комуникаторот ТИМ Биди.Безбеден, може да Ви помогне.

Ќе изберете слики, а комуникаторот гласно ќе ја прочита реченицата што сакате да ја кажете.

Апликацијата можете да ја инсталирате од Google Play. Напиши „ТИМ Биди.Безбеден “ и ќе ја најдете.

Исто така можете да го користите и овој линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.dkk.tim_besafe