Партнери
Република Чешка
е организација за поддршка на лица со интелектуална попреченост во Република Чешка. Ние сме национална непрофитна организација која ги застапува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства. Во моментов имаме повеќе од 8000 членови активни на национално, регионално и локално ниво.
Нашите членови се лица со интелектуална попреченост, нивните семејства и пријатели, даватели на услуги, како и други професионалци. Нашите организации за членство се наоѓаат во сите региони и главни градови на Република Чешка.
На меѓународно ниво, соработуваме со Инклузија Европа и Инклузија Интернационал, како и со други невладини организации.
Белгија
Европската асоцијација на лица со интелектуална попреченост и нивните семејства Инклузија Европа има 67 членови во 37 европски земји.
Инклузија Европа го претставува гласот на луѓето со интелектуална попреченост и нивните семејства низ цела Европа
Почнавме во 1988 година.
Ние се бориме за еднакви права и целосна инклузија на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства во сите аспекти на животот.
Како Европска асоцијација ние работиме во многу различни области кои нашите членови ги идентификуваа како важни за нив:
Ние обезбедуваме размена на знаења низ цела Европа
“Преку Инклузија Европа јас учам што прават моите колеги во други земји”.
Ние ги поддржуваме нашите членови.
“Инклузија Европа и помага на нашата организација да стане посилна”.
Ние влијаеме на европските политики.
“Инклузија Европа ја обликува Европската социјална политика според нашите потреби”.
Нашата мрежа за членство во над 37 земји, како и позицијата во Брисел, ни даваат единствена перспектива и можности – во исто време можеме да научиме од сите членки низ Европа и да споделуваме со нив добра пракса, примери и други информации. Притоа, имаме можност да стигнеме до национално ниво во сите овие земји.
Листа на членови: http://inclusion-europe.eu/?page_id=132
Инклузија Европа има 5 вработени со полно работно време и 4 со скратено работно време. Ние, исто така, имаме експерти низ цела Европа и ја користиме таа експертиза секогаш кога е потребна.
Полска
The Polish Association for Persons with Intellectual Disability (PSONI)
работи во корист и во име на лицата со интелектуална попреченост кои живеат во Полска, нивните родители и законски старатели.
Родителите чии деца се дијагностицирани како лица со потешкотии во учењето, сакаат да им дадат нова реалност, обезбедувајќи нови можности. Оваа перспектива се однесува на сите: деца, тинејџери и возрасни. Не е намерата на родителите/негувателите да им дадат целосна постојана помош, туку да обезбедат можности кои ќе им овозможат да се развиваат физички, когнитивно и општествено, за да можат да имаат активен, автономен и нормален живот во рамките на општество.
Главната цел на Здружението е да се вклучат луѓе со специфични потреби – луѓе со потешкотии во учењето во реалниот живот.
Здружението е национална организација со значителни достигнувања. Главните области на специфична експертиза се:
- рана интервенција
- младинско образование и рехабилитација
- работна терапија
- поддржано вработување
- подржано живеење
ПСОНИ се состои од над 11.000 членови, кои имаат повеќе од 120 локални ограноци.
Португалија
The Polytechnic Institute of Santarém е институција за јавно високо образование (терциерно ниво) која ја започна својата активност во 1979 година и се состои од следните училишта: земјоделство, спорт, образование, менаџмент и технологија и здравство.
The Higher School of Education of Santarém (ESES)
е создадена со Уредба-закон бр. 513-T/79 од 26 декември како органско единство на Политехничкиот институт на Сантарем и е институција на терцијално ниво, насочена кон подучување, истражување, сервиси за заедницата и соработка со национални и странски активности од заеднички интерес.
Во присуство на речиси 700 студенти, во моментов работи на степенот Прв циклус на основно образование, образование за деца, социјално образование, културна анимација и образование на заедницата, образование и мултимедија комуникација и визуелни уметности и мултимедија.
ЕСЕС исто така се фокусира на курсеви за обука со цел да се задоволат професионалните, граѓанските и културните потреби, кои се чувствуваат во текот на животот, во општеството. Нашето училиште промовира иновативни практики за наставници од сите образовни нивоа во неколку области: Уметност; ИКТ; Мултимедија.
ЕСЕС има претходно искуство од Леонардо Да Винчи и Еразмус + проекти и многу други европски и домашни програми. Училишната заедница сфати дека вклучувањето во програмите Еразмус + ги проширува хоризонтите, го развива умот и им овозможува на младите луѓе да станат вистински европски граѓани со разбирање на другите култури и образовни системи.
Република Македонија
е волонтерска, непрофитна, невладина, независна родителско-граѓанска асоцијација.Порака Наша ги претставува правата и интересите на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства, независно од нивната етничка и религиска припадност. ПОРАКА НАША е основана во 1966 година и со усвојување на Законот за Здруженија и Асоцијации е регистрирана во 1999 година и во својата дејност има како мисија еднакво учество на лицата со интелектуална попреченост во граѓанското општество преку остварување на нивните економски, социјални, културолошки, едукативни, спортски и други права.
Здружението ПОРАКА НАША Куманово брои околу 900 члена.
Активности на Здружението:
-Застапување за подобрување на постоечките закони или усвојување на нов закон, национални и локални стратегии и програми, застапување за промени во регулации за подобрување на животот на ЛИП и нивните семејства;
-Иницирање и организирање на сервиси за подршка и тренинг на ЛИП и нивните семејства;
-Учество во превенција и отстранување на пречките во физичката и социјалната средина;
-Тренинг и градење на капацитети, организирање на тренинзи за граѓански организации, локални самоуправи и институции одговорни за нивните права, потреби и способности на ЛИП;
-Напори да се прилагоди единствен регистар на ЛИП во кој ќе бидат вклучени возраста, полот, ктегоријата, местото на престој и други инфорации;
-Застапување, заштита и почитување на правата, интересите и способностите на ЛИП и нивните семејства на локално, регионално, национално ниво и пошироко во други земји;
-Поврзување со други слични организации во земјата и странство и имплементирање на заеднички проекти;